Синоќа (недела) 29.03.2026 година, во близина на бул.Климент Охридски, ТППЕ Струмица со четири ПП возила и единаесет пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запален помошен објект во откупен пункт за старо железо, при што беа зафатени и дел од материјалите кои беа во непосредна близина, соопштија од струмичката противпожарна служба.
-Пожарот беше во разгорена фаза и гаснењето беше доста отежнато поради тешкиот пристап за ПП возилата, како и лесно запаливите материјали кои беа присутни на локацијата.
Во случај на пожар или друга природна непогода повикај 112 или 193, порачаа од противпожарната единица.
Деск

