27-годишникот од Росоман кој утринава со нож ја уби својата 54-годишна мајка, и во минатото бил агресивен со неа и со неговиот татко. Пред околу три години тој ги нападнал родителите и кршел низ домот, по што бил пренесен во болница, а потоа татко му ја повлекол пријавата против него.
Еден месец по тој настан пак, момчето било спроведено на лекување во Психијатриската болница Негорци.
-На 14.08.2023 во 22:35 часот во СВР Велес, М.Р.(60) од Росоман пријавил дека неговиот син И.Р., кој бил лице со здравствени проблеми, во семејниот дом физички ги нападнал него и неговата сопруга, оштетувал предмети во домот и агресивно се однесувал. По пристигнување на полициските службеници на местото, И.Р. бил спречен во намерите и бил пренесен во Општа болница Кавадарци.
Подоцна, М.Р. побарал да ја повлече пријавата против неговиот син. На 15.08.2023, по барање од Општа болница Кавадарци, И.Р. бил спроведен од здравствената установа до Психијатриска болница Негорци, за ВИКИМЕДИА соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.
Веста дека син ја заклал својата мајка во Росоман, а потоа самиот се пријавил во полиција ја потресе јавноста. Ова е петти случај на фемицид во земјава од почетокот на годината.
Во текот на 2025 година имало 4.745 пријави за семејно насилство и шест убиства на жени.
Вики Клинчарова
МОМЧЕТО КОЕ ЈА УБИ СВОЈАТА МАЈКА ВО РОСОМАН И ВО МИНАТОТО БИЛО АГРЕСИВНО И СЕ ЛЕКУВАЛО ВО ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА
2 Mins Read

