Ведрана Рудан е првата пациентка во светот која се лекува со нова терапија против компликации кои настанале поради лекувањето на примарната болест – карцином, и вели дека пак ужива во животот.
Лекарите во КБЦ Риека успешно ги решија здравствените компликации што настанаа при третманот на основната состојба кај пациент со тумор на жолчен канал, користејќи нов метод – хипербарична кислородна терапија (ХБОТ), соопшти болницата. Првата пациентка е познатата колумнистка и писателка Ведрана Рудан, која за хрватските медиуми изјави дека веќе по три дена започнала да се чувствува подобро.
-Веќе две години примам терапија за рак на жолчниот канал. Поточно, се борам со него со помош на тимот од Онколошката служба во Риека, кој не се откажува. Пред околу два месеци, моето здравје драстично се влоши. Јас тоа го припишував на напредувањето на мојата примарна болест (ракот на жолчниот канал). Во болница ми рекоа дека причината за мојата мака е зрачен дуоденум, што и да е тоа. Се чувствував ужасно. Ужасни болки, отежнато дишење, немав желба ниту за храна, ниту за пијалак. Бев во кревет 24 часа. Сакав да умрам токму тогаш и таму. Мојот сопруг ме однесе на онкологија една недела во 21:30 часот. На должност беше Ивана… Гледав како ѝ се тресат рамената додека во паника тапкаше по мобилниот телефон, барајќи решение.
“Утре одиш во Сушак да го пробаш методот со хипербарична комора. Ќе бидеш првата во светот.” , раскажа Рудан.
Додава дека по влегувањето во комората почувствувала глад, и не и се верувало дека за две недели добила десет килограми.
-Го поминав интензивното лекување; сега сум дома и уживам во живот кој едвај го памтев. Пешачам, јадам, пијам, дишам. Единствениот проблем е што не знам дали ова е сон или реалност. Можеби сепак не е сон, објави Ведрана.
Деск
ВЕДРАНА РУДАН Е ПРВАТА ВО СВЕТОТ КОЈА СЕ ЛЕКУВА СО НОВА ТЕРАПИЈА ПРОТИВ КОМЛИКАЦИИ КОИ НАСТАНАЛЕ ПОРАДИ ЛЕКУВАЊЕ НА КАРЦИНОМ
2 Mins Read

