Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на локалниот пат Велес–Каменолом, каде што товарно возило се превртело на коловозот.
Според информациите од полицијата, настанот бил пријавен во 15:00 часот во СВР Велес. Камионот од марката „Ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 61-годишниот З.К. од Велес, излетал и се превртел кај местото викано „Гроот“.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Велес, каде што му била укажана медицинска помош.
На местото на несреќата извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР Велес, а причините за несреќата се утврдуваат.
Деск

