Во Велес, на 19 април 2026 година околу 21:45 часот, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 33-годишна жена од градот, по серија инциденти што се случиле во текот на вечерта.
Според информациите од полицијата, жената најпрво физички го нападнала својот 32-годишен сопруг во нивниот дом. Набргу потоа, управувајќи патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, учествувала во сообраќајна незгода на улицата „Благој Ѓорев“, каде се судрила со возило „рено“ управувано од 69-годишен велешанец.
Во несреќата, жената се здобила со телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Велес. По преземените мерки и извршените проверки, било утврдено дека таа управувала возило под дејство на алкохол, при што ѝ биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта.
Осомничената била задржана во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Деск

