Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека досега нема добиено известување преку европскиот систем RASSF за присуство на небезбеден производ – бебешка храна од брендот HiPP – на македонскиот пазар.
Станува збор за 190-грамско пакување во стаклена тегличка со вкус на морков и компир, кое во моментов е предмет на повлекување и истрага во Австрија и во дел од европските земји. Од АХВ информираат дека будно ја следат состојбата и дека ќе реагираат навремено доколку се појави каква било потреба.
Во меѓувреме, операторот со храна, односно овластениот дистрибутер на производите на HiPP во земјава, ја известил Агенцијата дека спорниот производ воопшто не е увезен во Македонија, со што не е ни пласиран на домашниот пазар.
Надлежните апелираат граѓаните да ги следат официјалните информации и уверуваат дека безбедноста на храната останува приоритет.
Деск
Previous ArticleЗАГИНА 48-ГОДИШНИК, МЕТАЛНА КОНСТРУКЦИЈА ГО УДРИЛА ВО ГЛАВА

