-Ви благодарам што ме поканивте, и чест ми е што имам можност да ве запознаам и да бидам овде, во вашата амбасада. Почестена сум што ќе ја пеам националната химна, му кажа младата пејачка Тина Русева на амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас, а видеото со нивниот разговор го објави евроамбасадорот на социјалните мрежи.
Синоќа на приемот организиран од евроамбасадорот Михалис Рокас, по повод 9 Мај – Денот на Европа, симбол на европското обединување, мир и солидарност, Русева ја пееше македонската химна.
-Ние веќе имаме идеи за наредната година, можеби можеме да ги здружиме силите, јас ќе свирам на тапани, а Тина ќе пее, но ќе биде тоа друг музички стил, се пошегува евроамбасадорот.
Русева потекнува од музичко семејство и веќе десеттина години живее во Германија. Стекна огромна популарност во земјава по победата на музичкиот онлајн натпревар „Гласот на Европа“, кога целата земја се обедини давајќи и поддршка и бодрејќи ја.
Тогаш за ВИКИМЕДИА изјави дека токму поддршката од народот и дава сила да оди напред и да го следи својот сон, заблагодарувајќи се на сите кои ја препознале нејзината искреност и емоција.
В.К.
РУСЕВА ЈА ОТПЕА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА НА ПРИЕМОТ ОРГАНИЗИРАН ОД ЕВРОАМБАСАДОРОТ РОКАС, ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА
1 Min Read
Previous ArticleШТО Е ХАНТАВИРУС И КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ?

