Министерот Горан Минчев на состанокот на Секторската работна група за реформи во јавната администрација порача дека реформите во јавниот сектор остануваат еден од клучните приоритети за државата и важен предуслов за напредокот во евроинтегративниот процес.
Министерот истакна дека позитивниот фидбек од Европска комисија претставува признание за досегашните активности, но и дополнителен поттик за засилување на реформската динамика.
„Ова е силна потврда дека се движиме во правилна насока, но и дополнителен мотив со уште поголема динамика да продолжиме со реформскиот процес“, изјави Минчев.
Тој информираше дека спроведувањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030 се реализира со висок степен на успешност, при што досега се спроведени 84 проценти од предвидените активности.
Според министерот, паралелно со реализацијата на стратегијата, воспоставена е и нова системска рамка преку носење клучни законски решенија насочени кон создавање професионална, мерит-базирана и ефикасна јавна администрација.
Во своето обраќање, Минчев посебно се осврна на развојот на човечките ресурси, управувањето со квалитет и дигиталната трансформација, нагласувајќи дека најголем предизвик останува доследната имплементација на реформите.
„И покрај силната нормативна и институционална основа која ја изградивме, најголемиот предизвик останува доследната и квалитетна имплементација на реформите“, рече тој.
Министерството за јавна администрација, додаде Минчев, останува целосно посветено на реформската агенда и на испорака на конкретни и мерливи резултати, со крајна цел подобрување на услугите за граѓаните и забрзување на европскиот пат на државата.
Деск
МИНЧЕВ: ДОБИВМЕ ПОТВРДА ОД ЕУ ЗА НАПРЕДОКОТ ВО РЕФОРМИТЕ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА
2 Mins Read
Previous ArticleПОЧИНА НОВИНАРКАТА ИРЕНА РАДОВАНОВИЌ

