Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на пролетен марш на подрачјето на Неготино, организиран со припадници на полицијата, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност и раководството на СВР Велес.
Маршот се одржа на релацијата од месноста Острово до Манастирот „Свети Ѓорѓија“, а во него учествуваа и полициски службеници од секторот.
Како што истакна министерот, ваквите активности имаат значајна улога во јакнењето на сплотеноста, довербата и тимскиот дух меѓу полициските службеници.
„Силна полиција се гради со професионалност, физичка подготвеност, ментална стабилност и меѓусебна почит“, порача Тошковски.
Тој упати благодарност до сите учесници во маршот, нагласувајќи дека Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со активности кои придонесуваат за унапредување на подготвеноста на полицијата и зајакнување на нејзината поврзаност со граѓаните.
Деск
Previous ArticleСРПСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЕВРОВИЗИЈА ПРИСТИГНУВААТ СО СПЕКТАКУЛАРНИ КОСТИМИ ТЕШКИ ДО 20 КИЛОГРАМИ
Next Article МАХМУТ ОРХАН ДОАЃА ВО ОХРИД

