Во градот на песната, Валандово, на 26 и 27 мај ќе се одржи 39-тото издание на Фолк Фест Валандово 2026 – фестивал што речиси четири децении претставува симбол на македонската фолк музика, традиција и емоција.
Годинешното издание ќе понуди две фестивалски вечери исполнети со познати мелодии, нови композиции и настапи на етаблирани музички имиња и млади надежи од македонската фолк сцена.
На 26 мај, на градскиот плоштад во Валандово, ќе се одржи предфестивалска вечер посветена на најголемите валандовски хитови и духот на македонската песна. Публиката ќе има можност повторно да ужива во безвременските композиции испеани од Блага Петреска, Елена Велеска, Кате и Соната, Христијан Божинов, Мишко Крстевски и Марјан Коцев, додека мини концерт ќе одржи и Влатко Младиновски.
Првата фестивалска вечер ќе биде емитувана со снимка на Македонска радио телевизија, овозможувајќи атмосферата од Валандово да стигне до гледачите низ целата држава и дијаспората.
Главната фестивалска вечер е закажана за 27 мај во фестивалската сала Јанко Узунов, каде ќе бидат претставени 20 нови композиции – потенцијални идни хитови на македонската фолк сцена.
На сцената ќе настапат познати музички имиња, меѓу кои Благица Калева, Нино Величковски, Кристијан Божинов, Ивана Серафимовска, Дејан Николоски – Чуле, Благоја Грујовски, Даце Николовски, Лени Партикова и Горан Тодоровски, како и групата Распеани Валандовчани.
Втората фестивалска вечер ќе се пренесува во живо на МРТ.
Организатор на фестивалот е Општина Валандово, која и оваа година продолжува да ја негува традицијата на еден од најзначајните музички фестивали во земјата.
Деск
Previous ArticleУСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ЧЕКОР КОН ПОСИЛНА ДРЖАВА, ТВРДИ ФИЛИПЧЕ

