На 29 мај 2026 година во 09:15 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на улица „Индустриска“ во Неготино се слушнала експлозија во објект на правно лице од Кавадарци.
Според информациите од надлежните служби, веднаш по пријавата интервенирала Територијалната противпожарна единица Неготино, при што од внатрешноста на објектот биле отстранети плински боци, со што е спречено избувнување на пожар.
Во инцидентот нема повредени лица, но причинета е материјална штета. Оштетен е самиот објект, како и три службени возила кои се во сопственост на правното лице.
За настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино. Се работи на утврдување на причините за експлозијата.
Деск

