Новиот филм на легендарниот режисер Стивен Спилберг „Disclosure Day”, предизвика силни реакции по првите затворени проекции, а дел од филмските критичари веќе го опишуваат како едно од неговите најсилни остварувања во последните две децении.
Станува збор за научнофантастичен трилер кој, според првичните впечатоци, комбинира елементи на мистерија, емотивна драма и спектакуларна визуелна продукција. Критичарите истакнуваат дека Спилберг повторно ја враќа својата препознатлива режисерска „магиија“, со силен фокус на човечките емоции во рамки на голема филмска приказна.
Посебни пофалби добива и главната актерска екипа, при што се издвојува изведбата на главната актерка, која според реакциите носи значаен емоционален товар на приказната.
Филмот веќе е опишан како амбициозен, визуелно импресивен и неочекувано смел проект, кој би можел да се најде меѓу најдобрите на Спилберг во поновата фаза од неговата кариера.
Иако се работи за први реакции од ограничени проекции, очекувањата за официјалната премиера се значително зголемени, а дел од критичарите препорачуваат публиката да влезе во салата без да гледа трејлери, за да го доживее филмот во целосна неизвесност.
Деск
СПИЛБЕРГ СЕ ВРАЌА ВО ГОЛЕМ СТИЛ: НОВИОТ ФИЛМ ВЕЌЕ ПРОГЛАСЕН ЗА ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 20 ГОДИНИ
1 Min Read
Previous ArticleСОМНЕЖ ЗА ЕБОЛА ВО ИТАЛИЈА: ПАЦИЕНТ ХОСПИТАЛИЗИРАН ВО КАЛЈАРИ
Next Article ДАБАР ТЕЖОК 30 КИЛОГРАМИ НАПАДНА ЧОВЕК ВО ХРВАТСКА

