Општинската организација на СДСМ Карпош преку јавна објава изрази поддршка за поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, оценувајќи дека политичката борба не смее да се води со злоупотреба на моќта и со, како што наведуваат, „кукавички методи“.
Во реакцијата, од СДСМ Карпош посочуваат дека актуелната локална власт се обидува да се претстави со проекти кои биле иницирани и подготвувани во периодот кога општината ја раководел Богоев. Како пример го наведуваат проектот за покриениот базен во салата „Партизан“ во Карпош.
Од партијата тврдат дека наместо исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните, актуелното раководство на општината се соочува со сè поголемо незадоволство кај членството и жителите на Карпош. Според нив, одредени политички потези претставуваат обид за дефокусирање на јавноста од, како што велат, неисполнетите обврски и случувањата поврзани со актуелниот градоначалник.
-Со проектот на Стефан Богоев за покриениот базен во салата Партизан во Карпош се китевте со неговите перја.
Во немоќ да се справите со ветените обврски со кои дојдовте на власт во Карпош за кои секој ден сте се поголемо и поголемо разочарување на вашето членство, како и на карпошани, сакате со замајување на јавноста да го покриете срамот за повлекувањето на градоначалникот, порачуваат од СДСМ Карпош во својата објава.
На крајот од пораката, од општинската организација упатуваат јавна поддршка до Стефан Богоев, истакнувајќи дека остануваат на негова страна.
Како потсетување, Богоев и повеќе лица беа приведени вчера, под сомнеж дека вршеле незаконско влијание, со цел стекнување противправна имотна корист од големи размери.
Деск
СЕ КИТЕВТЕ СО ПЕРЈАТА НА СТЕФАН БОГОЕВ ЗА НЕГОВИОТ ПРОЕКТ ЗА ПОКРИЕН БАЗЕН, РЕАГИРААТ ОД СДСМ КАРПОШ, ПО ВЕСТА ЗА НЕГОВОТО ПРИВЕДУВАЊЕ
2 Mins Read

