Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Институтот за јавно здравје во Скопје, каде што направи увид во новонабавената опрема, лабораториите и мерната станица, како и во новоотвореното психолошко советувалиште за деца и адолесценти – прво од ваков вид во државата, изградено според современи светски стандарди.
При посетата, премиерот се запозна и со најновите активности и проекти на Институтот, нагласувајќи дека оваа установа бележи значаен напредок во унапредувањето на јавното здравје.
Мицкоски изрази благодарност до директорката на Институтот за нејзината посветеност и ангажман, истакнувајќи дека резултатите од нејзината работа се видливи и претставуваат позитивен пример за развој на институцијата.
Тој се заблагодари и на министерот за здравство, на вработените во Министерството за здравство, како и на директорот на Фондот за здравствено осигурување за поддршката што континуирано ја обезбедуваат за функционирањето и развојот на Институтот.
„Најголема благодарност заслужуваат вработените во Институтот за јавно здравје. Тоа се луѓето кои секојдневно се трудат, работат и се борат за подобри резултати во интерес на граѓаните. Тие се вистинските херои и заслужуваат голема благодарност и почит за својот придонес“, истакна премиерот Мицкоски.
Отворањето на психолошкото советувалиште за деца и адолесценти претставува значаен чекор во унапредувањето на грижата за менталното здравје на младите, а новата опрема и модернизираните капацитети се очекува дополнително да ги зајакнат можностите на Институтот во областа на јавното здравје.
Деск
МИЦКОСКИ: СЕКОЈ ДЕН ИМАМЕ ПРИЈАТНИ ИЗНЕНАДУВАЊА ОД ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ
2 Mins Read

