Непознат сторител со закана со нож ограбил спортска обложувалница на улицата „Илинденска“ во Тетово и одзел пари од дневниот промет.
Според информациите од полицијата, на 8 јуни 2026 година околу 02:00 часот во СВР Тетово, 38-годишен вработен во обложувалницата пријавил дека едно лице, заканувајќи се со остар предмет, извршило разбојништво и одзело пари од објектот.
По пријавата, полициски екипи извршиле увид и преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, како и за целосно расчистување на случајот.
Истрагата е во тек.
Деск

