Теодора, млада мајка и студентка на Медицински факултет, единствената преживеана при падот на бетонската натстрешница на Железничката станица во Нови Сад, покажа дека волјата за живот знае да биде посилна од секоја болка. 24-годишната Теодора Мартинко од Кисач, која заврши со тешки повреди и шест месеци беше во животна опасност, и на која и се ампутирани двете нозе и дел од карлицата, пред неколку дена од прва положила возачки испит.

Веста ја објави Авто школата ФНС, а овој чекор за неа не е само практична вештина, туку симбол на независност и враќање на контролата над сопствениот живот.
Падот на натсртешницата на железничката се случи на први ноември 2024 година и го остави регионот во шок и неверување. Загинаа 14 лица, помеѓу кои и две деца. По две недели почина уште една жена, а по четири месеци бројот на жртви порасна на 16, откако почина уште едно младо момче поради компликации од повредите.
Успехот на Теодора не е само документ или формалност. Тој е доказ за упорноста што не се гледа на прв поглед, за секој ден кога болката се претвора во дисциплина, а неизвесноста во нова самодоверба.

