Две девојки, од кои едната е малолетна и младо момче се пронајдени починати во студентски дом во Угрчин, Бугарија, а според првичните сознанија објавени во тамошните медиуми, девојката и момчето биле убиени, а пак малолетничката од страв се фрлила од балкон и починала.
Како што објави бугарски Труд, едно лице осомничено за двојното убиство веќе било приведено.

-Станува збор за убиство поради страст, пишува Труд.Бг, а осомничениот за убиствата бил во љубовна врска со убиеното момче чие име било Јулијан. Тој бил во затвор, а кога се вратил дознал дека Јулијан започнал врска со девојка. Сите тројца биле излезени заедно и пиеле алкохол, а потоа се вратиле во домот каде престојувал Јулијан. Со нив дошла и една 15-годишна девојка. Откако започнале расправија, осомничениот со нож ги лишил од живот поранешниот партнер и неговата девојка, а 15-годишното девојче од страв скокнало од балконот и починало на самото место, објави бугарскиот медиум.
Општинскиот студентски дом каде се случила трагедијата бил во непосредна близина на училиштето во Угрчин. Настанот ја потресе бугарската јавност, а како што пренесуваат тамошните медиуми, се уште се вршел увид на местото на настанот.

