43-годишниот М.Л. од Скопје обвинет за убиството на неговата партнерка Ставрула Левендаки (45), која исто така му изнајмувала и место за престој на грчкиот остров Крит, детално раскажал како го извршил убиството, објави Пртотема.гр.
Според неговиот исказ, Ставрула дошла кај него, во куќата која му ја изнајмувала на 30 мај, а тој ја понудил со пиво. Потоа, таа започнала да му укажува на недостатоците во куќата, како и да ги фотографира, по што започнале расправија. Како што кажал скопјанецот, тој изгубил контрола и ја удрил жената со шише по главата. Устата и ја залепил со леплива трака, и бил сигурен дека е почината. Но, кога таа за кратко време се освестила, тој зел нож од кујната и ја прободил двапати во срцето. По некое време таа пак започнала да дава знаци на живот, и по третпат се вратил до неа и ја удрил со греда по главата. Го ставил телото во вреќа, и со часови ја чистел куќата од крвта.
Наредното утро ја закопал несреќната жена на нива на која претходно работел, а со нејзините картички подигнал пари од банкомат, наводно за да ја однесе полицијата на погрешен траг, односно за да прикаже дека Ставрула била ограбена.
-Тој ден користев канабис, верувам дека поради тоа се случи сето ова. Никогаш не сум помислувал да направам нешто лошо. Со години бев во конфликтна врска со Ставрула, бевме и интимни, а таа ми се закануваше дека ќе и каже на мојата сопруга дека сум ја силувал, навел тој во своја одбрана, а веста ја објави грчкиот медиум.
Според грчките власти, резултатите од истрагата, како и ДНК анализите и сведоштвата и помогнале на полицијата да дојде до сторителот. Инаку, Ставрула била исчезната од 30 мај, а нејзиното исчезнување во полиција било пријавено на осми јуни.

