Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека на 2 јули 2026 година (четврток) од 13:00 часот ќе дојде до привремен прекин во функционирањето на системот „е-Даноци“, поради планирани активности за унапредување на ИТ инфраструктурата.
Како што соопштува Управа за јавни приходи, прекинот е неопходен поради миграција на системот на нова технолошка инфраструктура, со цел обезбедување поголема сигурност, стабилност и подобра достапност на електронските услуги за даночните обврзници.
Од институцијата посочуваат дека системот ќе биде повторно ставен во функција веднаш по завршувањето на техничките активности.
УЈП упати благодарност до граѓаните и компаниите за разбирањето и трпението за време на привремената недостапност на услугата.
Previous ArticleВИКЕНДОВ СЕ МЕНУВА СООБРАЌАЈНИОТ РЕЖИМ КАЈ СОЛУН

