Кога на 40 години за првпат се остварила како мајка и ја добила ќерката Лана, на нејзината сестра Миа и рекла – Толку сум среќна, што би можела да умрам! Само по 45 дена од раѓањето на ќерката, згасна нејзиниот живот, и таа почина во тешка сообраќајна несреќа, држејќи ја Лана во прегратки.

Ена Беговиќ (1960 – 2000) останува запаметена како една од најубавите југословенски актерки, единствената која ја одбила улогата во ,,Чарлиевите ангели” и не била заинтересирана за холивудска кариера, бидејќи не сакала да глуми на англиски јазик и целта и била да игра големи улоги на својот јазик.
Нејзината убавина, елеганција и сценско присуство често беа забележувани, но зад јавната слика стоеше актерка посветена на својот занает и на уметноста. Колегите ја опишуваа како професионална, талентирана и чувствителна уметница.
-Како да имаше некое претчувство, многу се плашеше од возење. Зад себе имаше две тешки сообраќајки во минатото, една се случи 19 години пред да почине и заврши со тешки повреди на главата, а втората и се случи четири години пред да почине. Во втората сообраќајка таа беше на возачкото место, нејзиниот совозач, актерот Ѓорѓе Кукуљица беше три недели во кома и му следуваше долга рехабилитација, уште две лица беа тешко повредени, а еден млад човек почина, раскажуваше нејзината пријателка, пејачката Алка Вуица во постаро интервју за хрватските медиуми.
Во фаталната сообраќајка, кога згасна нејзиниот живот, зад воланот бил Лео, син на нејзиниот сопруг Јосип Радељак, мајка и Тереза и сопругот. По нејзината смрт, сопругот Јосип ја одгледа нивната ќерка Лана, која денес со својата убавина доста потсетува на неа. Годините по нејзината смрт не го избришаа сеќавањето за неа. Лана го чува споменот за својата мајка и често објавува нејзини фотографии, а јавноста и денес се присетува на Ена како на актерка со редок талент и неповторлива појава.

