Четиринаесетгодишно девојче почина по пад од лулашка во парк во Гостивар, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, на 9 јули 2026 година во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар.
Според првичните сознанија, малолетничката паднала од лулашка во паркот во Гостивар, по што била итно пренесена во Медицинскиот центар Гостивар. Во 20:55 часот, дежурен лекар ја констатирал нејзината смрт.
За настанот бил известен јавен обвинител, кој наредил телото на починатата да биде предадено на обдукција. По целосното утврдување на причините и околностите под кои се случила несреќата, надлежните институции се очекува да соопштат повеќе детали.
Previous ArticleКОЛУМБИЕЦОТ ЈАНКО ЈА ЗАПЕА ,,ВЕЛАТ НЕ НЕМА” СРЕДЕ СОЛУН

