Силно невреме попладнево го зафати Скопје, предизвикувајќи материјални штети на повеќе локации во градот. Силниот ветер носеше кровни конструкции, паѓаа дрва, а граѓаните пријавуваат различни оштетувања предизвикани од невремето.
Поради состојбата, во Општина Ѓорче Петров е активиран кризен штаб, а жителите можат да пријавуваат штети и проблеми на дежурните телефони. Екипите се на терен и ги следат последиците од невремето.
Во моментов нема официјални информации дали има повредени лица. Надлежните служби продолжуваат со проверки на терен, а граѓаните се повикуваат да бидат внимателни и да избегнуваат места каде што постои опасност од паднати дрвја, предмети или оштетени објекти.
Дополнителни информации за состојбата се очекуваат по завршувањето на првичните проценки на штетите.
СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ПОГОДИ СКОПЈЕ: ЛЕТАА КРОВОВИ, ПАЃАА ДРВА, АКТИВИРАН КРИЗЕН ШТАБ
1 Min Read

