Полициски службеници од ОВР Неготино на 22 јули 2026 година во 19:15 часот ги лишиле од слобода 36-годишната К.Л. од Демир Капија и нејзиниот 14-годишен син, по претходна пријава за кражба на пари, соопшти СВР Велес.
Според пријавата, поднесена од 68-годишниот поранешен свекор на жената, неговиот 14-годишен внук, наводно под влијание на својата мајка, од неговиот дом одзел околу 17.300 евра и ги однел кај неа.
За случајот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјални работи. Во присуство на адвокат за малолетници бил извршен разговор со 14-годишникот, додека К.Л. била задржана во полициска станица.
Од СВР Велес информираат дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ДЕДО ОД ДЕМИР КАПИЈА ПРИЈАВИЛ КРАЖБА НА 17.300 ЕВРА, ПРИВЕДЕНИ МАЈКА И 14-ГОДИШЕН СИН
1 Min Read
Previous ArticleАНГЕЛОВ: НЕВРЕМЕТО ПОКАЖА ДЕКА ПРИРОДАТА Е НАЈСТРОГИОТ ИНСПЕКТОР

