На 75-годишна возраст денес почина легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски. Веста за неговата смрт, по долгата борба со бројните здравствени проблеми ја потврди неговото семејство.
Зад него остануваат маестрално одиграните улоги во бројни серии, драми и емисии, како во театарот, така и на телевизијата и радиото.
Последното интервју со Тодоровски, ВИКИМЕДИА го објави пред девет месеци. Тогаш не криеше дека има многу здравствени проблеми, но низ целиот разговор преовладуваше неговиот огромен смисол за хумор. Интервјуто го заврши со зборовите -Краток е животот, сите да го правиме она кое не расположува!
Редакцијата на ВИКИМЕДИА изразува искрено сочувство до неговото семејство.

