Дваесет и едногодишен жител на Штип се здобил со тешки телесни повреди откако испаднал од патничко возило „ауди“ додека било во движење.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 27 јули 2026 година околу 01:35 часот на крстосницата меѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Солидарност“ во Штип.
Од МВР информираат дека од отворен прозорец на „ауди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот Б.С. од Штип, паднал сопатникот Н.А. (21), исто така од Штип.
Во несреќата, Н.А. се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.
На местото на настанот увид извршила увидна екипа на СВР Штип, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случил инцидентот.
21-ГОДИШНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН ОТКАКО ИСПАДНАЛ ОД ОТВОРЕН ПРОЗОРЕЦ НА „АУДИ“ ВО ДВИЖЕЊЕ
1 Min Read

