Дваесет и седумгодишен жител на Тетово се здобил со тешки телесни повреди во несреќен случај што се случил во дворот на неговиот дом.
Од СВР Тетово информираат дека на 26 јули 2026 година, околу 20:30 часот, од Клиничкиот центар во Тетово било пријавено дека кај нив е донесен повреден 27-годишниот М.З. од Тетово.
Во разговор со полициски службеници, повредениот изјавил дека околу 19:00 часот неговиот чичко С.З. (61), при управување на патничко возило наназад во дворот, ненамерно го прегазил на ногата, при што се здобил со тешките повреди.
М.З. побарал против неговиот чичко да не биде поднесена пријава, бидејќи, како што навел, станува збор за несреќен случај.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и извршиле увид.

