Групна тепачка се случила на плажа во авто-камп во Пештани, на охридското крајбрежје, при што бил нарушен јавниот ред и мир, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, инцидентот бил пријавен на 15 јули 2026 година околу 17:15 часот во СВР Охрид. Најпрво дошло до физичка пресметка помеѓу 31-годишен охриѓанец и 34-годишен жител на Пештани, по што во конфликтот се вклучиле уште три лица.
Како што соопшти полицијата, 50-годишен жител на Велгошти и двајца жители на Пештани, на возраст од 22 и 35 години, физички го нападнале охриѓанецот.
Од СВР Охрид велат дека по целосното документирање на случајот, против сите учесници ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Фото: ФБ страница на Пештани

