Трагедија се случила вчера во кичевско Зајас, кога во раните вечерни часови бил пронајден починат маж. Како што информира Секторот за внатрешни работи Охрид, лицето било прегазено од сопствениот трактор, откако управувајќи го, паднал под него.
-На 12.09.2025 во 19:22 часот во полициското одделение во кичевското село Зајас пријавено е дека на шумски пат во атар на истото село, под трактор „универзал“ пронајден е Џ.М.(52) од Зајас.
Од извршениот увид констатирано е дека тој, управувајќи го тракторот, изгубил контрола, паднал и бил прегазен од тракторот, соопштија од СВР Охрид.
Додаваат дека лекар од Итната медицинска помош од Кичево констатирал смрт без траги на насилство.
Деск
Previous ArticleРечиси три години не е решена мистеријата со неготинецот Панов!

