Забрана за приближување доби кавадарчанец, кој без да знеа неговата сопруга и поставил ГПС локатор на возилото, а потоа и ја претепал и и се заканувал со нож.
Информацијата ја соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес, од каде посочуваат дека од лицето е одземен и локаторот.
-На 18.09.2025 во ОВР Кавадарци е извршен службен разговор со М.Б.(35) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет и дека во нејзиното возило поставил ГПС локатор.
Локаторот е одземен, а на М.Б. му е изречена мерка забрана за приближување, соопштија од СВР Велес.
Деск
Изречена забрана за приближување за кавадарчанец: Поставил локатор во возилото на сопругата, па физички ја нападнал
1 Min Read

