Виктор Илиоски (39), кој исчезнал од својот дом во Прилеп во саботата, денес е пронајден починат, потврдија од МВР.
Неговото тело било пронајдено во кругот на прилепската болница, околу 16.00 часот.
Денес претпладне, неговиот татко Драган за ВИКИМЕДИА изјави дека Виктор бил зависник, но се лекувал. Кажа дека за целото време додека бил исчезнат мобилниот телефон му бил достапен.
В.К.

