По приказната за мајмунчето Панч од јапонската зоолошка градина, кое постојано е со плишената играчка-орангутанка, откако мајка му го отфрлила, и мајмунката Делфина во скопската зоолошка градина доби играчка – орангутан.
Редовна посетителка на ЗОО Скопје, денес и ја донела на подарок играчката орангутан на Делфина. Од зоолошката потсетуваат на приказната за Делфина, малото мајмунче во Скопје ЗОО, кое беше отфрлено од својата мајка пред четири години и падна во езеро.
-Делфина по спасувањето на нејзиниот живот беше одгледана од нејзината зоонегувателка Зера која целото свое работно, но и слободно време 24/7 го посвети на оваа наша мала убавица.
Сега заедно со своето помало братче Мики се адапатираат на самостоен живот, а Скопје ЗОО е една од ретките институции во светот која успеа во намерата да ги спои и адаптира овие две гибончиња, велат од Скопје ЗОО.
Деск

