Млад скопјанец доживеал драма додека се шетал со своето куче на трим патека. Тој бил пресретнат од три лица од Судан, кои му ги претресиле џебовите во обид да најдат пари, а потоа и го натепале.
-На 21.02.2026 година, инспектори од ЕВР-ОКР Кисела Вода поднесоа кривична пријава против И.Ш.(20), Х.С.(20) и А.Г.(19), тројцата државјани на Р. Судан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид по член 237 во врска со член 19 од КЗ на РСМ, информираат од МВР за случајот.
Додаваат дека кривичното дело било пријавено на 19.02.2026 година, а се случило на трим патеката на ул. „11-ти Октомври“ во Скопје, додека оштетениот М.Т.(27) од Скопје се движел со своето куче, бил пресретнат од три лица кои побарале пари од него. Откако одговорил дека нема, му извршиле пребарување по џебовите по што физички го нападнале, нанесувајќи му видливи повреди и се оддалечиле во непознат правец.
-По преземени мерки и активности, сторителите биле идентификувани и лишени од слобода. На 21.02.2026 година во просториите на Прифатен центар за странци, во присуство на јавен обвинител, било извршено препознавање при што оштетениот во целост ги препознал пријавените лица како сторители на кривичното дело.
Истиот ден, пријавените биле спроведени пред судија на претходна постапка во Основен кривичен суд Скопје, кој им изрече мерка притвор во траење од 30 дена, соопштија од министерството.
Деск
ТРИ ЛИЦА ОД СУДАН МУ ГИ ПРЕТРЕСИЛЕ ЏЕБОВИТЕ, А ПОТОА И НАТЕПАЛЕ СКОПЈАНЕЦ КОЈ СЕ ШЕТАЛ СО КУЧЕТО
2 Mins Read

