Лицата кои работеле во странство, немаат обврска да плаќаат данок во земјава, а услов за тоа е да приложат доказ дека компанијата преку која работеле веќе ги подмирила даночните оврски во земјата каде работеле, кажа премиерот Христијан Мицкоски.
-Донесен е заклучок тие да докажат дека фирмите коишто нив ги ангажирале платиле данок во земјата или во земјите каде што биле ангажирани. И на тој начин УЈП нема да го наплати тој данок, истакна премиерот.
Инаку, голем број на граѓани добиле известување со кое Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници, резиденти на државава кои во текот на 2025 година оствариле доход од работа во странство, дека се приближува крајниот рок за поднесување на електронската пресметка и доставување на соодветни докази за остварениот доход.
Според УЈП, физички лица кои во 2025 година примиле плата или друг вид доход од странство се должни до 31 март 2026 година да поднесат пресметка преку системот е-Даночни услуги: https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/login.seam.
Деск
УЈП НЕМА ДА ИМ НАПЛАЌА ДАНОК НА ГРАЃАНИТЕ КОИ РАБОТЕЛЕ ВО СТРАНСТВО, АКО ДОКАЖАТ ДЕКА ФИРМИТЕ КОИ ГИ АНГАЖИРАЛЕ ИМ ПЛАТИЛЕ ДАНОК
1 Min Read

