-Сите кои ме познаваат знаат дека Мрежница ми го спаси животот. Не беше тоа одлука донесена набрзина, долго размислував и разговарав со моите деца Лана и Лука, кои се веќе возрасни луѓе. На крај, решив да се преселам од Загреб на село, и секојдневието во Мрежница е промената која што ми дојде многу добро, посебно по смртта на мојот сопруг, во интервју за хрватските медиуми раскажа Сања Долежал (63), во регионот позната како вокалистката на Нови Фосили, со која групата за време на своето постоење создаде десетици евергрини. Таа веќе неколку години наназад живее во својата викендица на околу 50 минути од Загреб.
Но, освен по Нови Фоисли, Сања е позната и по своите водителски ангажмани на телевизија, а за првпат пред екраните се појавила како дете во реклами за Подравка, за детската храна Медолино и Чоколино, а настапуваше и како тинејџерка во бендот Прва љубов.

Со сопругот Ненад Шариќ беа колеги во групата, и поминаа 19 години во брак. Тој почина од мозочен удар пред 14 години, во време кога Сања имаше 49 години, а таа неретко потоа раскажуваше колку тешко го доживеала тој период.
-Најмачно ми беше кога доаѓаа празниците… Првите години по неговата смрт, за Божиќ ми беше најтешко. Потоа, со тек на време сфатив дека Ненад би сакал да ме види насмеана и среќна. Секој ден помислувам на него и благодарна сум на љубовта која ја имавме и од која ги добивме нашите деца. Се сеќавам и на тоа дека само 40 дена по неговата смрт јас морав да настапам на концерт во Словенија. Не ми беше лесно, но јас морав да пеам, тоа е мојата професија. Потоа во медиумите излегоа наслови, како можам да настапувам откако го погребав сопругот… Бев очајна. И денес не ми е јасно како луѓе кои не те ни познаваат, си земаат за право да коментираат за тебе, да ти судат, да те критикуваат на социјални мрежи… Ненад беше љубовта на мојот живот, и пред да започнеме врска, ние две години бевме колеги и добри пријатели. Тој засекогаш ќе ми недостасува, раскажа таа за Стори.Хр.
Денес, времето го минувала во викендицата на село, од каде често објавува фотографии, истакнувајќи дека тоа е нејзината оаза на мирот.

