По смртта на Ивана и Катја, тешко ми е да го доживеам овој Осми март како ден на жената, кажа денес претседателката Гордана Силјановска Давкова.
На свечената седница на Парламентот, по повод традиционално одбележување на празникот на жената, таа зборуваше за загубата на младата мајка и нејзината 6-годишна ќерка, како и за нефункционалноста на системот кога е во прашање справувањето со семејно насилство.
-Симболиката на празникот се губи во непоимливата реалност. Дали животот е навистина неприкосновен, како што гарантира Уставот? Дали ова важи за Рамајана, за Росица, за Ивана, за малата Катја?
Шокира фактот дека во 2025 година имало 4.745 пријави за семејно насилство и шест случаи на убиство, а за два месеца во 2026 година, веќе четири случаи на фемицид.
Овие алармантни бројки се слика на општество во кое е загрозено основното човеково право – правото на живот. Ова не е статистика, туку пораз на институционална превенција и ненавремена акција, кажа претседателката од говорницата.
Додаде дека обучените полицајци, социјални работници и судии се активни спасители, или пасивни соучесници во делото, истакна Силјановска Давкова.
Деск
ПО СМРТТА НА ИВАНА И КАТЈА, ТЕШКО МИ Е ДА ГО ДОЖИВЕАМ ОСМИ МАРТ КАКО ДЕН НА ЖЕНАТА, КАЖА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА
1 Min Read

