Пензионерка од Кавадарци вчера била приведена во полициска станица, бидејќи првин се расправала, а потоа физички нападнала жена вработена во болницата, информира Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што наведуваат од секторот, вчераво 15:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода Ц.С.(66) од Кавадарци. Според пријавеното, околу 09:45 часот во Општа болница Кавадарци, по вербална расправија, таа физички ја нападнала вработената В.Н.(32) од Кавадарци.
-Ц.С. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, истакнаа од полицијата.
Деск
ПРИВЕДЕНА ПЕНЗИОНЕРКА ОД КАВАДАРЦИ, БИДЕЈЌИ НАПАДНАЛА ЖЕНА ВРАБОТЕНА ВО БОЛНИЦАТА
1 Min Read
Previous ArticleТАСКА НИ ОСТАВИ ТРАЈНО НАСЛЕДСТВО ВО СВЕТОТ НА СИНХРОНИЗАЦИЈАТА

