Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, порача дека иднината на македонското земјоделство зависи од поврзувањето на науката со практиката, задржувањето на младите во секторот и заедничката соработка меѓу институциите, академската заедница и земјоделците.
На научно-стручното советување „Агро наука и пракса“, кое по петти пат се одржа на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, министерот истакна дека земјоделството не треба да се гледа само како економска гранка, туку како стратешки сектор од клучно значење за државата.
„Земјоделството обезбедува храна, отвора работни места и има суштинска улога во одржливиот развој на руралните средини. Ако ја поврземе науката со праксата, ако ги задржиме младите во земјоделството, ако работиме заедно – не само што ќе произведуваме повеќе, туку ќе создадеме земјоделство на кое сите ќе бидеме горди.“, нагласи Трипуновски.
Тој додаде дека Министерството ќе продолжи со активна поддршка на иновациите, дигитализацијата и трансферот на знаење, со цел унапредување на производството и зголемување на конкурентноста.
Според него, визијата е јасна – создавање на модерно, одржливо и конкурентно земјоделство, засновано на научни достигнувања, нови технологии и силно партнерство со академската заедница.
Деск
АКО ГИ ЗАДРЖИМЕ МЛАДИТЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО, ЌЕ СОДЗАДЕМЕ ЗЕМЈОДЕЛСТВО НА КОЕ СИТЕ ЌЕ БИДЕМЕ ГОРДИ, КАЖА ТРИПУНОВСКИ
1 Min Read
Previous ArticleМВР: ИМАМЕ ЗАЛИХИ ОД ОБРАСЦИ ЗА ВОЗАЧКИ ЗА НАРЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ

