Од Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопштија дека биолошките вештачења укажуваат оти токму судијата Ѓоко Ристов ракувал ги криел паричните средства, кои биле пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино.
На материјали со кои биле обвиткани 350.000 евра биле пронајдени ДНК траги, а обвинителката Искра Хаџи Василева изјави дека текот на истрагата ги потврдил првичните сомнежи.
„Со вештачење на биолошки траги утврдивме дека токму обвинетиот е лицето кое ги криел овие пари“, изјави Хаџи Василева.
Во просторијата, како што посочи Обвинителството, биле пронајдени и белешки со ознаки и броеви кои упатуваат на користење на просторот од страна на Ристов.
Таа додава дека не тврдат дека директно е примен поткуп, но постоеле докази за претходни практики на тргување со влијание.
Претходно, обвинителката кажа дека парите пронајдени во домот на родителите на судијата Ѓоко Ристов, сума од 350.000 евра во банкноти од по 500 и 200 евра, според неговите родители, не биле негови, туку изјавиле дека лично тие ги заработиле од лозарство.
Обвинителката појасни дека двапати бил извршен претрес во домот на Ристови во Неготино, а парите ги нашле при вториот обид.
-Се искршија плочките, се појави дупка, и од дупката почнаа да паѓаат пари. Претходно беа направени претреси на три локации, не беа најдени пари, појаснуваше тогаш Хаџи Василева.
Деск
НА МАТЕРИЈАЛИ СО КОИ БИЛЕ ОБВИТКАНИ СОЅИДАНИТЕ ПАРИ БИЛЕ ПРОНАЈДЕНИ ДНК ТРАГИ ОД СУДИЈАТА РИСТОВ
2 Mins Read

