Македонија повторно се најде на мапата на светските научни успеси, откако младиот ученик Даниел Христов освои бронзен медал на една од најпрестижните и најтешки натпревари по хемија – Менделеева олимпијада по хемија, која годинава се одржа во Москва.
Станува збор за натпревар кој важи за врв во областа на средношколската хемија, каде учество земаат најдобрите млади таленти од целиот свет. Освојувањето медал на ова ниво претставува значаен успех, како за ученикот, така и за македонскиот образовен систем.
Даниел Христов, ученик во гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип, со своето знаење, труд и посветеност успеа да се истакне меѓу силна меѓународна конкуренција. Неговиот резултат е плод на долгогодишна работа, подготовка и љубов кон природните науки.
Од училиштето посочуваат дека успехот на Христов е инспирација за идните генерации ученици и доказ дека со континуирана работа и поддршка, младите од Македонија можат да постигнат врвни резултати на глобално ниво.
Овој успех уште еднаш ја потврдува важноста од вложување во образованието и поддршката на талентираните ученици, кои се иднината на науката и општеството.
Деск
ИСТОРИСКИ УСПЕХ: СРЕДНОШКОЛЕЦ ОД ШТИП СО БРОНЗЕН МЕДАЛ НА НАЈТЕШКАТА, МЕНДЕЛЕЕВА ОЛИМПИЈАДА ВО МОСКВА!
1 Min Read

