Во Гевгелија официјално е отворен новиот МЕГА ШОПИНГ ПАРК, кој од вчера им е достапен на посетителите и нуди современо шопинг и забавно искуство.
Објектот располага со повеќе од 50 домашни и меѓународни брендови, како и дополнителни содржини за семејна забава, вклучувајќи зони за одмор, забава и гастрономска понуда.
По повод свеченото отворање, најавена е и богата забавна програма, во рамки на која ќе настапат повеќе музички имиња, со што организаторите очекуваат голем број посетители од целиот регион.
Настаните ќе траат и во наредните три дена, со цел да се одбележи официјалното стартување на новиот трговски комплекс и да се понуди дополнителна атракција за публиката.
Деск

