Мира Биќаниќ, професорка од Вировитица, единствената победничка во историјата на хрватската верзија на популарниот квиз „Кој сака да биде милионер?“, и повеќе од две децении по својата историска победа останува тема на интерес во јавноста.
Таа во 2003 година успеа да одговори точно на сите 15 прашања и да го освои главниот џекпот од 1 милион куни, станувајќи првата и досега единствена „милионерка“ од овој телевизиски формат во Хрватска.
Клучниот момент од нејзината победа бил последното прашање, кога се одлучила да го искористи џокерот „прашај ја публиката“, што се покажало како пресуден чекор до историскиот успех.
Во неодамнешно телевизиско гостување во ХРТ, Бичаниќ открива дека и денес често се соочува со прашања од јавноста дали сè уште ги троши освоените пари, нагласувајќи дека таа победа останува еден од најзначајните моменти во нејзиниот живот.
Таа истакнува дека успехот не бил само резултат на среќа, туку и на знаење, концентрација и правилни одлуки во клучни моменти од играта.
-Се уште ме прашуваат дали го трошам милионот, и им одговарам– Да! На последното прашање побарав помош од публиката, кога се пријавив на квизот беше тоа една тешка животна ситуација, и морав да ја вклучам и публиката, раскажа Биќаниќ за ХРТ.
По 23 години, нејзиното име останува запишано во историјата на квизот како симбол на ретка комбинација на знаење и храброст што носи милионска награда.
И во Македонија беше доста популарна македонската верзија на квизот, кој се прикажуваше од 2004 – 2005 година, а потоа и во 2007, но никој натпреварувач не го освои милионот.
Деск

