Меѓуградски воз меѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа кон крајот на јуни или почетокот на јули, најави министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски. Според него, железничката линија се воведува како алтернатива додека трае изградбата на автопатот меѓу двата града.
Николоски посочи дека интензивно се работи на подготовка на железничката инфраструктура и патните премини, а возовите ќе сообраќаат во термини што ќе им одговараат на граѓаните. Цената на билетот, како што најави, ќе биде симболична и ќе изнесува 150 денари.
Покрај патничкиот превоз, наскоро се очекува да стартува и карго-железничкиот сообраќај кон двата града. Министерот рече дека веќе има интерес од компании во Прилеп за користење на железницата за транспорт на стоки и суровини, што би придонело за намалување на загадувањето и заштита на патната инфраструктура.
Во однос на изградбата на автопатот Прилеп-Битола, Николоски оцени дека работите се одвиваат со одлична динамика и најави дека првите километри од новата делница би можеле да бидат готови веќе следната пролет. Според него, проектот ќе има значајно влијание врз економскиот развој и подоброто поврзување на целиот Пелагониски Регион.
Деск
НИКОЛОСКИ НАЈАВИ: ВОЗОТ СЕ ВРАЌА НА РЕЛАЦИЈАТА ПРИЛЕП–БИТОЛА, БИЛЕТ ЗА 150 ДЕНАРИ ОД ЈУЛИ
1 Min Read
Previous ArticleПОНИСКИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ОД ДЕНЕС

