Канје Вест одржа спектакуларен концерт во Истанбул на Олимпискиот стадион „Ататурк“ пред околу 118.000 посетители и според организаторите и медиумите во Турција е еден од најголемите стадионски концерти во последните години.
Настапот привлече огромно внимание поради уникатната сцена поставена во форма на планета Земја, опкружена со светлосни и визуелни ефекти кои создадоа импресивна атмосфера.
Концертот беше организиран како голем музички спектакл со учество на повеќе изведувачи и диџеи, а публиката пристигна од различни делови на Европа и Блискиот Исток. Настанот се смета за еден од најголемите настапи во кариерата на Канје Вест, со рекордна посетеност и силен медиумски интерес.
Б.Н.

