-Популарноста, патувањата и долгите отсуства од дома си го зедоа данокот и го уништија сето она кое беше добро во моите врски. Бев многу млада кога го запознав Милан, веќе градев кариера на свои 19 години, а тој имаше 33 години. Нашата врска буквално се завлече цели десет години, а кога стапивме во брак и ја добивме ќерката Јелена, по само три години заеднички живот ние се разделивме. Тој беше мојата прва и најголема љубов, но јас бев желна за слобода. Растев покрај строг татко, и практично од едно ропство влегов во друго. Ми беше потребна слобода, можност сама да одлучувам, да бидам независна, раскажуваше во минатото поп иконата Неда Украден (75), жената која е на сцената од својата 17-та година и до денес настапува ширум регионот.
Со сопругот Милан Билбиј, поранешен режисер во ТВ Сараево, останале во добри односи до крајот на неговиот живот, првенствено поради ќерката Јелена, а Неда неретко изјавува дека тој бил одличен татко. По разводот, тој се оженил повторно, додека Украден никогаш повторно не стапи во брак.
-Јас сум можеби единствената жена која по разводот му го оставила станот на сопругот. Во тоа време настапував, работев, ставав на страна, и најважно беше што судот мене ми ја додели ќерката. Имаше и лоши зборови, бидејќи секој развод е лош, но поради детето го задржавме достоинството и останавме пријатели и покрај се. Никогаш не дозволив никој да каже лош збор за него, и успеавме да ја зачуваме меѓусебната почит, појаснуваше Неда.
Иако е на сцената од 1967 година, најголемиот успех го доживеа во осумдесеттите години на минатиот век, кога ги сними песните ,,Зора је”, ,,Очи твоје говоре”, ,,Дошло доба да се растајемо” и многу други. Зад себе има 30 студиски албуми, а денес времето најчесто го минува со ќерката и внуките близначки, Неда и Александра и внукот Душан.
Деск

