Од Општина Центар информираат дека постојано се преземаат активности за справување со проблемот со зголемената бучава во населбата Капиштец, но дека за поефикасно решавање на состојбата е потребна посилна институционална поддршка од надлежните државни органи.
Градоначалникот на Горан Герасимовски посочува дека жителите на Капиштец подолг период реагираат на бучава која најчесто доаѓа од угостителски објекти и јавни простори. Според него, општината континуирано интервенира на терен и постапува во рамки на своите надлежности, но проблемот не може целосно да се реши без поактивна вклученост на надлежните инспекциски и државни служби.
Како дел од напорите за подобро следење на состојбата, Општина Центар има воспоставено системи за мерење на бучава и редовно спроведува контроли на критичните точки во градот, вклучително и во Капиштец.
Дополнително, од општината најавуваат дека наскоро ќе биде достапна и онлајн-апликација преку која граѓаните ќе можат да ја следат бучавата во реално време на клучните локации. Податоците ќе бидат јавно достапни преку ГИС-платформата и веб-страницата на Општина Центар, со што се очекува поголема транспарентност и подобро информирање на јавноста.
Жителите на Капиштец, пак, бараат долгорочно решение за намалување на бучавата, особено во вечерните и ноќните часови кога проблемот е најизразен. Тие, меѓу другото, апелираат и за зголемено полициско присуство во ноќните часови, со цел подобра контрола и почитување на редот и мирот во населбата.
Деск
ПО ПРОТЕСТОТ ВО КАПИШТЕЦ: ОПШТИНА ЦЕНТАР НАЈАВУВА АПЛИКАЦИЈА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА БУЧАВАТА ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ
2 Mins Read
Previous ArticleОТВОРЕН ПРВИОТ УПИСЕН РОК ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

