,,Ми заплакало селото Ваташа”, стихови создадени и објавени пред шест децении, препејувани, изведувани од голем број на уметници, а кои и денес при секое слушање будат море од емоции кај македонската јавност.
Станува збор за песната посветена на 12-те ваташки младинци, убиени од бугарскиот фашистички окупатор на денешен ден во 1943 година, која ја напиша поетот Лазар Манчевски – Пинџур.
Манчевски е роден во Неготино во 1922 година, и починал во Скопје во 1997 година, а во тек на својот живот работел како советник во Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“ во Скопје.
Зад себе има десетици објавени книги, а збирката поезија во која е објавена песната ,,Ми заплакало селото Ваташа” го носи истиот наслов, и датира од 1966 година.

Пред тринаесет години, тој посмртно беше прогласен за почесен граѓанин на Општина Неготино.
Одлуката ја донесе Советот на општината, и на 11-ти ноември 2013 ова високо признание, во негово име беше доделено на член на неговото потесно семејство.
Симболичниот клуч од градот Неготино на член од неговот семејство, му го врачи тогашниот градоначалник на општината, Ванчо Апостолов.
Покрај неговата песна, за маскарот во Ваташа се напишани уште две песни.
Потресната ,,Цветови” на Славко Јаневски, но и ,,Крвава блокада” од Лазо Каровски, составена од 12 песни, посветени на 12-те убиени момчиња.
В.К.

