Министерот за јавна администрација Горан Минчев учествуваше на ЦЕФ Форумот 2026 на тема „Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“, кој се одржа во Скопје под покровителство на Министерството за финансии. На настанот присуствуваа високи владини претставници, експерти и носители на политики од регионот и Европа.
Во рамки на панел-дискусијата посветена на лидерството и институционалната отпорност, Минчев истакна дека во услови на сè покомплексни предизвици, координацијата меѓу институциите претставува еден од најважните предуслови за успешно спроведување на реформите и обезбедување квалитетни услуги за граѓаните.
„Најголемиот ризик во услови на неизвесност не е недостатокот на идеи или стратегии, туку ситуацијата кога институциите не успеваат да се движат во иста насока. Координацијата, довербата и заедничката визија се темелот на секоја успешна реформа“, порача министерот.
Осврнувајќи се на реформите во јавната администрација, тој посочи дека подготовката на новиот реформски пакет претставува пример за успешно управување со комплексни промени во услови на различни очекувања и предизвици.
Минчев нагласи дека реформите во јавната администрација се директно поврзани со процесот на европска интеграција, професионализацијата на јавната служба и јакнењето на довербата на граѓаните во институциите.
Во своето обраќање тој ја потенцираше и важноста на континуираниот професионален развој на административните службеници, оценувајќи дека највредниот ресурс на секоја институција се луѓето.
„Реформите можат да создадат правила, технологијата може да создаде алатки, но луѓето се тие што создаваат резултати. Ако сакаме отпорни институции, мора постојано да инвестираме во знаењето, вештините и лидерските капацитети на јавните службеници“, истакна Минчев.
Од Министерството за јавна администрација посочуваат дека остануваат посветени на спроведување на реформи кои ќе придонесат за модерна, професионална, ефикасна и граѓански ориентирана јавна администрација, усогласена со европските стандарди и подготвена да одговори на идните предизвици.
МИНЧЕВ: МОРА ПОСТОЈАНО ДА ВЛОЖУВАМЕ ВО ВЕШТИНИТЕ НА ЈАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ, АКО САКАМЕ ОТПОРНИ ИНСТИТУЦИИ!
2 Mins Read
Previous ArticleШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА СО КЕЦМАНОВИЌ ОТКАКО ЌЕ НАПОЛНИ 18 ГОДИНИ?

