-Борбата не беше лесна и траеше околу 30 минути, а сомот ме влечеше со сидрото и чамецот! Се улови на трска, а мамецот беа три црни глисти и пијавица. Ова не е првиот голем сом кој сум го уловил, но сепак ова е мојот рекорден улов, со 210 сантиметри должина и тежина од 80 килограми, вели риболовецот Мики Станковиќ за српски Телеграф.
Фотографиите со огромната риба предизвикаа чудење на социјалните мрежи, бидејќи сомот е поголем и од него, а според многумина, делува застрашувачки. Станковиќ го уловил во близина на Панчево, каде Тамиш се влева во Дунав, место кое е познато како популарна рибарска локација.
Тој и во минатото објавувал фотографии и видео снимки од својот улов во групите за риболов во Србија, но за последниот рибарски плен вели дека бил уловот на неговата кариера.
Previous ArticleБАЈАГА ДОАЃА НА Д ФЕСТИВАЛ: СЛОБОДЕН ВЛЕЗ ЗА ПУБЛИКАТА

