Министерството за дигитална трансформација е рангирано на прво место според Индексот на квалитет на институциите од јавниот сектор за 2025 година, објави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
Како што наведува тој, ова признание доаѓа само две години по формирањето на Министерството и претставува потврда дека фокусот на граѓаните, уредените процеси и посветената работа даваат мерливи резултати во јавната администрација.
Андоновски истакнува дека дигиталната трансформација не е цел сама по себе, туку средство за подобрување на јавните услуги – со помалку чекање, поедноставни процедури и помала бирократија.
„Дигиталната трансформација значи подобра јавна услуга. Помалку чекање. Помалку бирократија. Повеќе доверба во институциите“, порачува министерот.
Во објавата се нагласува и дека дигитализацијата придонесува за поголема транспарентност и намалување на просторот за субјективност и коруптивни ризици, преку јасни, дигитални и следливи процедури.
Министерот додава дека ова признание им припаѓа на вработените во Министерството, како и на институциите вклучени во процесот на мерење и унапредување на јавниот сектор, меѓу кои и Министерството за јавна администрација.
„Нашата цел останува иста: институции кои работат побрзо, поефикасно и почесно, со услуги креирани според потребите на граѓаните“, стои во објавата на Андоновски.
Министерството најавува дека ќе продолжи со засилена дигитална трансформација и унапредување на јавните услуги во државата.
АНДОНОВСКИ: МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРВО МЕСТО СПОРЕД КВАЛИТЕТОТ НА ЈАВНИТЕ УСЛУГИ!
1 Min Read
Previous ArticleСЕЛИН ДИОН ГО НАЈАВУВА СВОЕТО ГОЛЕМО ВРАЌАЊЕ НА СЦЕНАТА!

