Крива Паланка на 29 август ќе биде домаќин на еден од најголемите музички настани во регионот. Според најавата на Општина Крива Паланка, на Градскиот стадион ќе настапи балканската музичка ѕвезда Лепа Брена.
Настанот е во организација на Општина Крива Паланка, која најавува спектакуларна музичка вечер за граѓаните и посетителите од целата земја и регионот.
Лепа Брена, која со децении е присутна на музичката сцена и зад себе има бројни хитови и распродадени концерти низ Балканот, ќе настапи пред публиката во Крива Паланка во рамки на летната културно-забавна програма на општината.
Од Општина Крива Паланка истакнуваат дека подготовките за концертот се во тек и дека градот е подготвен да ги пречека илјадниците посетители кои се очекуваат на овој музички спектакл.
Концертот ќе се одржи на 29 август на Градскиот стадион во Крива Паланка.

